Зошто Wikipedia и многу други сајтови протестираа денес?
Се возам сабајле со такси накај работа, на Антена 5 одат вести и ја слушам следната реченица (парафразирано): “Википедија денес е недостапна во знак на протест против новиот закон против пиратерија” бла бла бла. Сигурно веднаш ќе си претпоставите, Википедија ја поддржува пиратеријата така? Секако дека не. Нажалост ова е уште еден случај кадешто нашите медиуми не се доволно интересираат во новостите кои ги пренесуваат.
Да биде јасно. Википедија, и стотици други сајтови денес протестираат против неправилностите во законот (односно два закони SOPA и PIPA[1], кои ако поминат ќе се спојат во еден), кои можат да се искористат неправилно и манипулативно, но не само тоа – тие неправилности се контрадикторни со начинот на кој работи дел од технологијата (DNS[2] во главно) врз која е базиран интернетот кој сите го користиме. Доколку помине законот интернетот нема да биде ист, буквално. Ќе треба и учебниците да се сменат.
Законот кој го наложуваат како мерка против пиратеријата, ќе влијае врз слободата на изразување, споделување и комуницирање преку сервисите кои работат врз интернетот. Еве што кажуваат други личности за оваа проблематика [линк] [линк].
Сите знаеме како е кога ќе отвориме некој линк до YouTube и ќе ти се отвори страната дека тој не е достапен за Македонија. Замислете истото да може да го примени некојаси институција, но не само за YouTube видеа, туку на многу поголема скала, за било кој сајт. Замислете имате свој сервис кој опслужува содржина – било каква: текст, слики, итн. – и сервисот е блокиран во Америка. Или имате сајт хостиран во Америка и без најава ви го гасат.
Си велите, па што ми е гајле, не сум во Америка, не ме засега мене законот. Тоа не е точно. Ако се донесе законот, веднаш и другите држави ќе направат слични закони. Се работи за контрола.
За крај, направив една галерија од сајтови кои се дел од овој протест. (Скриншотови од цел прозорец, такашто се гледа и адресата до сајтот. Клик на било која слика за fullscreen slideshow.)
Повеќе за:
[1] SOPA и PIPA
[2] DNS
























Почна последниве денови да ми прави проблеми KMix и најдов quick and dirty решение составено од 4 наредби во конзола, па да го споделам. Според решението, сетингзите на KMix се пореметуваат поради некоја причина, и како такви (грешни) барем едно од јадрата на процесорот константно е на 100%. Напомена, кога ќе се внесуваат наредбите нема потреба од администраторски привилегии.
Денес на Tвитер профилот на Викиликс беше објавен твит кој води до PDF датотека која опишува упатство и инфомации за како да стапат со Фејсбук организации/институции кои имаат потреба од податоци за одреден корисник. Подолу е неговата содржина:




