Интересни факти за Valve како фирма

Сите знаеме за Valve – ни ги донесоа Half Life и Counter Strike. Потоа и Half Life 2, Portal и Team Fortress и така натаму. Покрај игрите, истотака нудат и одличен сервис (или подобро речено платформа) наречен Steam.

За сите големци од овој тип кои прават игри одсекогаш се ширеле (кул) муабети за како им е на вработените таму, какви се тие, во какви простории работат и слично. Во тој дух денес на HN беше поднесен еден документ наречен Handbook for New Employees  кој им го даваат на сите тие кои прв ден доаѓаат на работа таму. Слободно можете да го превземете од линкот, а јас ќе изнесам некои факти од него:

  1. Организациската структура во Valve е рамна: кажуваат дека кога имаш умни, талентирани и иновативни луѓе, со наредувањето што да прават и да седат на биро 99% од нивната вредност се губи. Се бараат иноватори – а тоа бара услови каде тие можат да творат. Секој има исто/големо ниво на одговорност и зелено светло за работа на проект.
  2. Бироата имаат тркалца: секој треба да биде таму каде што е од најголема вредност. Тимови се формираат и расформираат, некои бараат помош од некого па треба да биде до нив и слично. Бидејќи овие преместувања често се случуваат, имаат интерен сервис кој кажува кој вработен кај се наоѓа а неговата позиција ја наоѓа во зависност на кој LAN приклучок е приклучен тој.
  3. Вработениот сам одлучува на кој проект ќе работи: треба да одлучи во кој проект ќе биде од најголема вредност, кој проект најмногу го исполнува и најмногу ќе го награди. Некои проекти се кратки, некои долги – како во секоја компанија. Секој со одлична идеја на која веќе не се работи може да регрутира колеги да работат заедно со него.
  4. Секој има право на глас во било која одлука што се донесува: без разлика дали тој моментално работи на проектот на кој одлуката влијае или не. Работата на вработениот е да се `вметне` кадешто смета дека е потребен.
  5. Се формираат кабали и тим лидери: во Valve кабалите се привремени групи кои се спонтано формирани од повеќе тимови кои работат во различни полиња. Се формираат органски и од потребата да се исполни некоја поголема идеја. Тим лидерите ја немаат таа класична менаџерска улога. Тие се луѓе кои со текот на проектот се издвојуваат и го држат целиот проект во нивната глава и служат како ресурс со информации на другите при преиспитувањето на одлуките на кои наидуваат.
  6. Ролјата на вработениот зависи од тоа што тој го работи во моментот: нема фиксни ролји, секој вработен кога е на еден проект си дава име на ролјата што го опишува најдобро. Кога ќе почне подоцна на друг проект да работи може и сосема друга ролја да има. Со други зборови, ролјите се флуидни.
  7. Ако вработен подолг период седи до касно на работа се обрнува внимание: во такви ситуации се врши реевалуација и се корегира каде што е потребно. Кога ги имаш најдобрите луѓе најважно е да бидат задоволни на работа и продуктивни но и да имаат добар баланс помеѓу работа и фамилија и другите важни работи во животот за нив.
  8. Вработените пишуваат евалуации помеѓу себе: еднаш годишно сите меѓу себе си даваат фидбек за нивната работа. Целта е да се соберат информации што би му помогнале на тој за кој се однесува фидбекот да биде уште подобар. Фидбекот се собира, прегледува, анонимизира и испорачува во форма на евалуација до секој за кого има таква.
  9. Стек рејтинг: секој вработен е спореден со другите врз база на четири мерила: ниво на вештина/техничка спремност, продуктивност/исход, придонес на ниво на група, придонес на ниво на проект. Колку е погоре вработениот толку повеќе вредност значи внесува во Valve и со тоа толку подобри компензации добива.

Има уште работи кои ги немам спомнато а ги има во документот (меѓу другото и историјата на Valve) како и одлични илустрации т.д. слободно прегледајте го.

Повеќе за:
[1] Valve
[2] Steam

Calepin – нов начин на блогирање

Пред некој ден се запознав со сервисот Calepin, кој наликува на минималистички блог сервис. Тоа што сервисот нуди и се разлукува од другите е интеграцијата со Dropbox и начинот на пишување статии.

Зошто интеграција со Dropbox? Пред се најавувањето се врши преку Dropbox кој користи OAuth (исто како што се најавувате преку на пример Twitter во други сервиси), и со прифаќање на автентикацијата се создава фолдер Calepin во нашиот акаунт (во патеката Dropbox/Apps/Calepin), во кој подоцна се зачувуваат статиите кои ги пишуваме. А статиите, се текст документи со .md наставка, кои се пишуваат во Markdown формат. Идеално :)

Markdown е формат кој е многу лесно читлив за тие што не ја знаат неговата синтакса, а и лесно се учи. И, секако има едитори кои помагаат за полесно пишување на документи во Markdown формат, и Web базирани (Backpager) и Desktop (ReText за Linux, MarkdownPad за Windows, итн итн..).

Сите статии се зачувуваат во фолдерот во Dropbox, и следните четири реда мора да се наоѓаат во почетокот на секој фајл:

Title: My First Post
Date: 2012-1-11
Slug: first-post
Status: draft

од кои првите два реда се обавезни, додека вторите два зависи од нашите потреби. Кога ќе спремиме статија, за да ги забележи промените Calepin само кликаме на копчето Publish кое се видливо кога ќе се логираме во сервисот. Истотака освен полињата што мора да ги има, мора и документот да е во UTF-8 енкодинг па затоа не користете Notepad туку нешто по цивилизирано :)

Сервисот има потенцијал, и авторот негов најаува бизнис модел поврзан со него, но сеуште го нема соопшетно. Моментално нуди Google Analytics интеграција, и основна конфигурација на автор/пагинација/формат на датум. Јас би очекувал теми/css прилагодување и промена на домен.

Спремете се за Google Summer of Code 2011

Google Summer of Code е програма која се оддржува секоја година, со која студенти работат цело лето (~ Мај – Август) на OpenSource проекти, и притоа и проектите имаат придонес, и студентите имаат придонес.

Принципот на кој работи GSoC е следниот. Менторите ги пријавуваат проектите до даден рок, меѓу кои се GNOME, KDE, Boost C++, Blender, Chromium, Drupal, Git, Haiku, Mozilla, PostgreSQL, WordPress, итн итн… Откако ќе се утврди кои проекти се прифатени, студентите аплицираат. И потоа од поднесените идеи од студентите и од менторите, се доделува по една на секој студент, и тој има рок цело лето да ја реализира, притоа комуницирајќи со меноторот кој ќе му помага, а и другите развивачи кои се дел од тој проект. Секако не очекувајте целата задача некој друг да ви ја испрограмира :)

Зошто би аплицирале за GSoC?

  • убаво ќе ги извежбате вашите вештини во програмирањето;
  • ќе остварите нови контакти со паметни и интересни луѓе;
  • ако успешно завршите: добивате маица од Google и сертификат (сликата подолу);
  • добивате убав додаток во вашето CV;
  • пари. За наши стандарди доста убави пари [link];
  • и најважно, bragging rights :)

Секој студент кој учествувал изјавува дека искуството е повеќе од позитивно.

Како да “се спремите” за GSoC?

  • видете кои организации/проекти биле примени изминатите години [link]
  • секој проект си има своја Wiki-style страница на која биле дебатирани и поставувани задачите за програмирање, разгледајте ги (пример: Fedora, GNOME, Haiku);
  • за секоја задача пишува колку е тешка и кои познавања се бараат од вас (пример кај Gephi проектот);
  • вклучете се во предложувањето на идеи додека организациите аплицираат, тоа е многу важно од повеќе причини но пред се ќе се запознаете со проблематиката порано;
  • вклучете се во заедницата, сите OpenSource проекти имаат мејлинг листи, форуми и ирц канали на #freenode. Немора да чекате да почне периодот за аплицирање од страна на студентите за да се запознаете со другите луѓе од заедницата!
  • разгледајте ги ланските задачи и пробајте да имплементирате нешто слично, немора 100% да го реализирате, но барем да добиете претстава што сѐ ќе треба да направите летото за да ја исполните вашата задача;
  • отворете си блог, пример на wordpress.com или blogspot.com, претежно сите студенти кои аплицираат, на нерегуларна база од неколку недели постираат по некој блог пост со кој кажуваат до каде се со задачата и какво им е искуството;
  • гуглајте по нет, прочитајте за искуствата на студентите од претходните години;
  • организирајте си го летото, цел месец во Грција може да значи неуспех во исполнувањето на вашата задача;
  • и last but not least, убаво проучете го целиот официјален сајт за GSoC 2011 [link] и пратете го официјалниот блог за OpenSource работи на Google [link].

Ако не сте зафатени летото, строго ви препорачувам учество во GSoC.

Веројатност и Статистика во R (корисни линкови)

featured

Семестаров ми седеа линковиве како бандл на bit.ly, но редно време беше и во блог пост да ги напишам :)

Во вид на веб книги:

Листи на корисни функции:

Друго:

Вовед во цртање на графици во R [линк], како и како повеќе графици да се нацртаат на еден излез (во еден прозорец) [линк].

R-bloggers, блог агрегатор од ~140 блогови.

П.С. Доколку ве интересира R, и сакате да пробате нешто во него, ви го препорачувам ‘IDE’-то RKWard.

Слика 1: некоја си задача со Биномна распределба