Денес на Tвитер профилот на Викиликс беше објавен твит кој води до PDF датотека која опишува упатство и инфомации за како да стапат со Фејсбук организации/институции кои имаат потреба од податоци за одреден корисник. Подолу е неговата содржина:
Facebook confidential "law enforcement guide" http://info.publicintelligence.net/Facebook2010.pdf—
WikiLeaks (@wikileaks) May 02, 2011
Засега немам најдено пост/изјава/слично дали е документот валиден или не, но еве ги неговите карактеристики:

Слика 1: Facebook2010.pdf
За да ја прегледате неговата содржина превземете го.
Секоја голема организација која се наоѓа во Америка го прави ова, неодамна Жулиан Асанж во ексклузивно интервју за Russia Today и кажа дека дури и тие да не сакаат, мора да подлегнат на притисоците од државната администрација, и шпекулира дека Фејсбук, Јаху, Гугл, итн. имаат специјални веб интерфејси/апликации преку кои тие можат да ги добијат податоците кои им требаат.
Видеата од интервјуто може да ги гледате тука [во нов таб ќе се отвори линкот, како секогаш].
Тоа што ме зачуди во документот е степенот да податоци кои се чуваат за корисниците. Во Фејсбук имаат поделба на повеќе нивоа на информации за корисникот (во документот тоа е на страна 3, следува преведено):
- Основни кориснички информации
- ID број
- Имејл
- Датум кога е корисничката сметка направена
- Запис/лог на последните најавувања во Фејсбук
- Бројот од мобилниот телефон регистриран на Фејсбук
- Проширени кориснички информации
- Контакт информации на профилот
- Мини-фид историја
- Историја на статус апдејти
- Историја на сите линкови споделени
- Историја на сите ‘notes’
- Историја на сите постирања на ѕидот
- Листа на сите пријатели на корисникот, со нивни ID-а
- Листа на сите групи на корисникот, со нивни ID-a
- Минати и идни настани на кои направил корисникот RSVP
- Историја на сите видеа, со имиња на нив
- Слики од корисникот (сите, сите слики кои корисникот ги закачил, и тие во кои бил тагнат од друг корисник)
- Информации за групи на корисникот
- Приватни пораки на корисникот
- IP логови на корисникот, според мене најинтересното, бидејќи содржи информации во колку саатот, од која IP адреса[1], која скрипта била извршена и содржина на Session Cookie-то[2] во тој момент. Под скрипта се мисли акцијата кога се отворила страната, ако корисникот отворил галерија нечија, се извршила скриптата за галерија со информации која е галеријата и сл., ако корисникот отворил нечиј профил се извршила скриптата за профили со информации за кој профил треба да го отвори.
Заклучок: Сите големи организации соработуваат со државните институции. Но тоа што ме изненади е што не ги чува Фејсбук само информациите што ги прави корисникот, туку и информациите за акциите што прави. Пример: ако корисникот само отвори нечиј друг профил, и тоа е запишано. И тоа со IP адреса на корисникот, со Session Cookie, во колку саатот, чив профил е отворен, итн. И истотака, документот не потсетува дека Фејсбук не брише ништо во врска со корисникот, ги чува сите податоци за него.
И уште еднаш да нагласам, може документот да не е вистински.
Повеќе за:
[1] IP adresses
[2] HTTP cookie

