Модерни Rich Client Platform апликации

Прво кратки но неопходни чекори што е потребно за да може да се развиваат RCP (што е RCP?) апликации базирани на новиот Eclipse со помош на Maven.

  1. Превземете го најновиот Eclipse 4 Classic (во моментов верзија 4.2 M6, од http://www.eclipse.org/downloads/index-developer.php)
  2. Стартувајте го и инсталирајте ги следните плагини во него:
    1. m2e плагинот (од http://download.eclipse.org/technology/m2e/releases)
    2. m2e-tycho плагинот (од http://repository.sonatype.org/content/repositories/forge-sites/m2eclipse-tycho/0.6.0/N/0.6.0.201202131819/)
    3. Eclipse e4 Tools и E4 CSS Spy плагините (од e4 http://download.eclipse.org/e4/downloads/drops/S-0.12M7-201205032200/repository/ – другите плагини понудени од оваа локација не ги инсталирајте)
  3. После инсталацијата на плагините рестартирајте го Eclipse.

Забелешка: Кога ќе биде објавена конечната верзија од Eclipse 4 локациите до плагините сигурно ќе претрпат промени.

Следно линкови до туторијали:

  1. Building Eclipse plugins and RCP applications with Tycho – во блог постот има линк до презентација на Slideshare и до GitHub проект сo кодот кој е работен на Workshop-от по кој одела презентацијата. Во кодот има и HTML туторијал со корисни чекори од Мавен интеграција, пишување на тест случаи до правење на пакет за дистрибуција.
  2. Building Eclipse RCP applications based on Eclipse 4 - од познатиот Ларс Вогел, автор на многу туторијали за Eclipse RCP и слично. Тука може да го скокнете делот со инсталацијата и директно на корисните информации како градење на UI да преминете.

Интересни факти за Valve како фирма

Сите знаеме за Valve – ни ги донесоа Half Life и Counter Strike. Потоа и Half Life 2, Portal и Team Fortress и така натаму. Покрај игрите, истотака нудат и одличен сервис (или подобро речено платформа) наречен Steam.

За сите големци од овој тип кои прават игри одсекогаш се ширеле (кул) муабети за како им е на вработените таму, какви се тие, во какви простории работат и слично. Во тој дух денес на HN беше поднесен еден документ наречен Handbook for New Employees  кој им го даваат на сите тие кои прв ден доаѓаат на работа таму. Слободно можете да го превземете од линкот, а јас ќе изнесам некои факти од него:

  1. Организациската структура во Valve е рамна: кажуваат дека кога имаш умни, талентирани и иновативни луѓе, со наредувањето што да прават и да седат на биро 99% од нивната вредност се губи. Се бараат иноватори – а тоа бара услови каде тие можат да творат. Секој има исто/големо ниво на одговорност и зелено светло за работа на проект.
  2. Бироата имаат тркалца: секој треба да биде таму каде што е од најголема вредност. Тимови се формираат и расформираат, некои бараат помош од некого па треба да биде до нив и слично. Бидејќи овие преместувања често се случуваат, имаат интерен сервис кој кажува кој вработен кај се наоѓа а неговата позиција ја наоѓа во зависност на кој LAN приклучок е приклучен тој.
  3. Вработениот сам одлучува на кој проект ќе работи: треба да одлучи во кој проект ќе биде од најголема вредност, кој проект најмногу го исполнува и најмногу ќе го награди. Некои проекти се кратки, некои долги – како во секоја компанија. Секој со одлична идеја на која веќе не се работи може да регрутира колеги да работат заедно со него.
  4. Секој има право на глас во било која одлука што се донесува: без разлика дали тој моментално работи на проектот на кој одлуката влијае или не. Работата на вработениот е да се `вметне` кадешто смета дека е потребен.
  5. Се формираат кабали и тим лидери: во Valve кабалите се привремени групи кои се спонтано формирани од повеќе тимови кои работат во различни полиња. Се формираат органски и од потребата да се исполни некоја поголема идеја. Тим лидерите ја немаат таа класична менаџерска улога. Тие се луѓе кои со текот на проектот се издвојуваат и го држат целиот проект во нивната глава и служат како ресурс со информации на другите при преиспитувањето на одлуките на кои наидуваат.
  6. Ролјата на вработениот зависи од тоа што тој го работи во моментот: нема фиксни ролји, секој вработен кога е на еден проект си дава име на ролјата што го опишува најдобро. Кога ќе почне подоцна на друг проект да работи може и сосема друга ролја да има. Со други зборови, ролјите се флуидни.
  7. Ако вработен подолг период седи до касно на работа се обрнува внимание: во такви ситуации се врши реевалуација и се корегира каде што е потребно. Кога ги имаш најдобрите луѓе најважно е да бидат задоволни на работа и продуктивни но и да имаат добар баланс помеѓу работа и фамилија и другите важни работи во животот за нив.
  8. Вработените пишуваат евалуации помеѓу себе: еднаш годишно сите меѓу себе си даваат фидбек за нивната работа. Целта е да се соберат информации што би му помогнале на тој за кој се однесува фидбекот да биде уште подобар. Фидбекот се собира, прегледува, анонимизира и испорачува во форма на евалуација до секој за кого има таква.
  9. Стек рејтинг: секој вработен е спореден со другите врз база на четири мерила: ниво на вештина/техничка спремност, продуктивност/исход, придонес на ниво на група, придонес на ниво на проект. Колку е погоре вработениот толку повеќе вредност значи внесува во Valve и со тоа толку подобри компензации добива.

Има уште работи кои ги немам спомнато а ги има во документот (меѓу другото и историјата на Valve) како и одлични илустрации т.д. слободно прегледајте го.

Повеќе за:
[1] Valve
[2] Steam

1ви Април Топ 5

Мои фаворити за годинава (како и секогаш, hats off to Google).

  1. Gmail Tap for Android and iOS
  2. World’s Smallest Ultrabook, the Sony Vaio Q
  3. Chrome Multitask Mode
  4. Google Maps 8-bit mode
  5. Butbucket introduces Spooning

Преостанатите други можат да се најдат тука: http://aprilfoolsdayontheweb.com/2012.html (може и да се поднесе линк!).

Зошто Wikipedia и многу други сајтови протестираа денес?

Се возам сабајле со такси накај работа, на Антена 5 одат вести и ја слушам следната реченица (парафразирано): “Википедија денес е недостапна во знак на протест против новиот закон против пиратерија” бла бла бла. Сигурно веднаш ќе си претпоставите, Википедија ја поддржува пиратеријата така? Секако дека не. Нажалост ова е уште еден случај кадешто нашите медиуми не се доволно интересираат во новостите кои ги пренесуваат.

Да биде јасно. Википедија, и стотици други сајтови денес протестираат против неправилностите во законот (односно два закони SOPA и PIPA[1], кои ако поминат ќе се спојат во еден), кои можат да се искористат неправилно и манипулативно, но не само тоа – тие неправилности се контрадикторни со начинот на кој работи дел од технологијата (DNS[2] во главно) врз која е базиран интернетот кој сите го користиме. Доколку помине законот интернетот нема да биде ист, буквално. Ќе треба и учебниците да се сменат.

Законот кој го наложуваат како мерка против пиратеријата, ќе влијае врз слободата на изразување, споделување и комуницирање преку сервисите кои работат врз интернетот. Еве што кажуваат други личности за оваа проблематика [линк] [линк].

Сите знаеме како е кога ќе отвориме некој линк до YouTube и ќе ти се отвори страната дека тој не е достапен за Македонија. Замислете истото да може да го примени некојаси институција, но не само за YouTube видеа, туку на многу поголема скала, за било кој сајт. Замислете имате свој сервис кој опслужува содржина – било каква: текст, слики, итн. – и сервисот е блокиран во Америка. Или имате сајт хостиран во Америка и без најава ви го гасат.

Си велите, па што ми е гајле, не сум во Америка, не ме засега мене законот. Тоа не е точно. Ако се донесе законот, веднаш и другите држави ќе направат слични закони. Се работи за контрола.

За крај, направив една галерија од сајтови кои се дел од овој протест. (Скриншотови од цел прозорец, такашто се гледа и адресата до сајтот. Клик на било која слика за fullscreen slideshow.)

Повеќе за:
[1] SOPA и PIPA
[2] DNS