Или подобро кажано, добра библиотека за API, тешко се наоѓа.
Покрај фактот што REST API-ата растат (како што гледаме на ProgrammableWeb, секој ден некое ново се додава), ситуацијата кај библиотеките за овие API-а за програмските јазици е шарена:
- има библиотеки со добра имплементација но со слаба документација и/или без примери;
- има библиотеки со добра документација и/или примери но се лошо реализирани и нелогични и/или неинтуитивни;
- за некои API-а има многу библиотеки, за некои само по една, за некои ниедна;
- некои библиотеки не виделе апдејт со месеци;
- итн…
и тоа ме инспирираше во дијаграмот на Слика 1, кој, претставува нешто како wishlist што би очекувал од добра библиотека како нејзин корисник :)
Секоја чест на библиотеките кои се добри во секој поглед, тоа значи дека луѓето кои работеле на нив стварно се посветиле.

Немам забележано некое македонско api до сега, постои воопшто?
Немора да е македонска, општо за сите библиотеки за API-а зборувам :)
Јасно. Само сакав да се информирам околу состојбата кај нас :)
Баш ќе побарам деновиве, ако има нешто ќе известам :)