Од време на време пишувам блог пост за апликација или сервис кој го користам, па време е и Readability да го спомнам.
Прво, што е букмарклет? Тоа не е букмарк, но се наоѓа меѓу букмарковите, со таа разлика што кога ќе кликнете на него нема да ви отвори линк, туку ќе изврши определена функција или врз страната која моментално ви е отворена или ќе изврши некое друго посакувано дејство. Повеќе за букмарклети на Wikipedia.
Readability е букмарклет кој кога ќе го кликнете го менува излгедот на страната која ја читате, со цел полесно читање и пред се фокус на самата содржина а не на дополнителните банери, линкови, менија и слично. Пример:
Сѐ што треба да направите е да отидете на официјалната страна на букмарклетот, да си одберете некој од понудените стилови, големини на фонтови и колкави да бидат маргините, и откако ќе го направите тоа да го повлечете букмарклетот од сајтот во вашиот тулбар, меѓу другите букмаркови.
П.С. За да ви се врати оригиналниот изглед на страната, не треба пак да го кликнете букмарклетот, или пак да кликнете назад во интернет пребарувачот, туку на ‘Reload’ копчето кое се наоѓа во левиот горен агол во страната.
