Во постот NetBeans Look&Feel откривме како може да ја смениме темата која ја користи за да се темира развојната околина самата себеси.
Сега во овој пост, ќе откриеме како да ја смениме темата на бои која ја користи развојната околина во текстуалниот едитор, во кој го поминуваме најголемиот дел од времето, за да го добиете пример овој ефект:
Прв чекор е да отидеме во Tools -> Plugins, и да го инсталираме модулот Extra Color Themes. Алтернативно, може модулот да се вика Extra Color Ruby Themes (така е именуван во постарите верзии на NetBeans). Како и да се вика, темите важат за било кој јазик во кој ќе работите во NetBeans. Секако кудос до Ruby заедницата која се потрудила да ги склопи во еден модул :)
Откако ќе го инсталирате модулот, и пожелно ќе ја рестартирате развојната околина, отидете во Tools -> Options -> Fonts & Colors табот, и тука под Profile можете да ја изберете посакуваната тема:
EDIT 1:
Дополнителни теми:
Освен овие од пакетот, можете да инсталирате дополнителни теми, кои доаѓаат во *.zip датотека која се инсталира при кликање на Import копчето на истиот прозорец кој претходно се спомна. Пребарував и најдов неколку интересни теми:
И ги спакував во една архива (линк), која секако треба да ја отпакувате за да ги инсталирате темите една по една.



Pingback: Eclipse Color Themes | Martin's IT blog